Кошаркарот на литвански Жалгирис, Џок Лендејл ќе донира по 100 долари за секое забивање и за секоја тројка на мечот на неговиот клуб против Реал Мадрид во рамки на редовно коло од Евролигата. Гестот на кошаркарот е помош за неговата родна Австралија откако ја погодија катастрофални пожари.
Лендеј кој е роден во Мелбурн оваа сезона има добра статистика во литванскиот тим. Просекот му е 10,8 поени и 4 скока по меч во европското натпреварување.
„Сакам само да ја искористам приликата, да и помогнам на заедницата во Австралија. Се надевам дека ќе предизвикаме реакција и кај други луѓе да помогнат“ – рече Лендејл.
Австралиецот минатата сезона го носеше дресот на белградски Партизан. Мечот на Жалгирис и Реал се игра утре во Мадрид, од 21 часот.
https://www.instagram.com/p/B7DQCB1JXjQ/?utm_source=ig_web_button_share_sheet