Top Sport

Баерн испратиле понуда за Јовиќ

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ е трансфер цел на четири клуба. Тренерот на Ајнтрахт, Адолф Хитер, открил дека интерес за напаѓачот покажале Барселона, Реал, Манчестер Јунајтед и Баерн.

Челниците на Ајнтрахт се свесни дека Јовиќ, во летниот преоден рок ќе замине од клубот, но исто така на сите во клубот им е јасно дека добро ќе заработат од неговата продажба.

Се претпоставува дека трансферот на Србинот ќе изнесува околу 70 милиони евра.

Најновите информации говорат дека нова понуда доставиле челниците на Баерн Минхен. Баварците летово ќе прават ремонт, веќе ги договорија француските репрезентативци Лукас Ернандез и Бенжаман Павар, а Јовиќ треба да биде засилување во нападот.

Германските медиуми шпекулираат дека Баерн понудиле 56 милиони евра за Јовиќ, што е помалку од сумата која очекуваат да ја добијат во Франкфурт. Ајнтрахт ќе чекаат да се изјаснат и останатите заинтересирани клубови.

Јовиќ оваа сезона има постигнато 24 гола на 38 натпревари во сите натпреварувања, односно постигнува гол на секои 104 минути.

Scroll to Top