Изминатата ноќ во Кливленд започна Ол стар викендот. Викендот го твори мини турнирот на ѕвездите во подем. На турнирот, на кој учествуваа четири екипи, победи тимот на Рик Бери. На овој мини турнир играа кошаркари кои се дебитанти или ја играат втората сезона во НБА лигата.
Тимот на Рик Бери во полу-финалето го победи тимот на Гери Пејтон, а во финалето и тимот на Ајзеа Томас.
Полу-финалните натпревари се играа до 50 поени, а финалето до 25. Ова е новитет на Ол стар викендот. Конетарите по мини турнирот се позитивни.
Во првото полу-финале Тимот Томас го победи Тимот Ворти со 50:49. Дејзмонд Бејн погоди две слободни фрлања при резултат 48:49.
На една топка беше решено и второто полу-финале, победата на Тимот Бери, против Тимот Пејтон му ја донесе Тејт.
Во финалето Тимот Бери победи со 25:20. Мечот го реши Данте Канингем. Во финишот тој погоди тројка, а потоа асистираше за 25 поен.
Канингем турнирот го заврши со 18 поени, седум скока, девет асистенции и по две украдени топки и блокади.
Канингем, првиот пик од последниот драфт и играч на Детроит Пистонс ја доби МВП наградата.