Top Sport

Заврши Евробаскетот за Рокас Јокубаитис

Литванската кошаркарска репрезентација доживеа голем удар на Евробаскетот – плејмејкерот Рокас Јокубаитис го заврши учеството на турнирот поради повреда на коленото.

Јокубаитис се повреди вчера против Финска. Веднаш беше изнесен од паркетот, а по дополнителните прегледи, медицинскиот тим на Литванија потврди дека тој повеќе нема да настапува на првенството.

Според информациите што ги објави „Баскетњуз“, талентираниот плејмејкер наскоро ќе отпатува за Минхен, каде што ќе се подложи на дополнителни прегледи во соработка со лекарите на Баерн и ќе се утврди точната сериозност на повредата.

За потсетување Јокубаитис потпиша договор со германскиот клуб ова лето.

Загубата е огромна за Литванците, со оглед на тоа што Јокубаитис е еден од водечките играчи на овој турнир. До повредата, имаше просек од 17,3 поени, 2,5 скока, 8,5 асистенции и 1,5 украдени топки по натпревар.

Foto/ EPA

Scroll to Top