Top Sport

Заврши регуларниот дел од НБА сезоната, Клиперси ги турнаа Вориорс во плеј-ин

По 82 одиграни натпревари во НБА лигата се е подготвено за плејоф спектакл. Разигрувањето ќе започне со плеј-ин натпреварите, за седмата и осмата позиција во Источната и Западната конференција ќе се борат екипите кои во регуларниот дел од сезоната се пласираа на позициите седум осум, девет и десет.

Источна конференција:

Плеј-ин дуелот помеѓу Мајами Хит и Чикаго Булс е прва средба и победникот ќе се бори за осмото место со поразениот од дуелот меѓу Атланта Хокс и Орландо Меџик. Победникот од вториот дуел ќе го освои деветтото место.

Првиот дуел ќе се одигра ноќта меѓу вторник и среда, вториот во среда, а последниот плеј-ин во петок, распоредот важи за двете конференции.

Првопласираниот Кливленд Кавалирс со 64 победи го држи првото место и го чека осмопласираниот тим по плеј-офот, додека второпласираниот Бостон Селтикс по плеј-офот игра со седмопласираниот тим.

Њујорк Никс како трет тим на Истокот ќе игра против Детроит Пистонс, а Индијана Пејсерс ќе имаат предност на домашен терен против Милвоки Бакс.

(1) Кливленд – Орландо/Атланта/Чикаго/Мајами (8)
(2) Бостон – Орландо/Атланта (7)
(3) Њујорк – Детроит (6)
(4) Индијана – Милвоки (5)

Западна конференција:

Првиот плеј-ин дуел ќе го играат Сакраменто Кингс и Далас Маверикс, победникот од оваа средба ќе игра со поразениот од мечот меѓу Голден Стејт Вориорс и Мемфис Гризлис.

Тоа значи дека првопласираната Оклахома за противник ќе го има осмопласираниот тим, а Хјустон Рокетс ќе се соочи со подобриот од дуелот Вориорс и Гризлис.

Третопласиран тим на Западот е Лос Анџелес Лејкерс, во пле-офот ќе игра против Минесота, додека четвртопласираниот Денвер Нагетс ќе игра против петтопласираниот Лос Анџелес Клиперс.

(1) Оклахома – ГСВ/Мемфис/Сакраменто/Далас (8)
(2) Хјустон – ГСВ/Мемфис (7)
(3) ЛА Лејкерс – Минесота (6)
(4) Денвер – ЛА Клиперс (5)

Scroll to Top