Кошаркарот на Детроит Пистонс Блејк Грифин ќе отсуствува неодредено време поради повредата на левото колено, потврдиле од оваа франшиза.
Грифин, во средата, го оперирал коленото, а бидејќи ќе има продолжен период на рехабилитација, од клубот не можат да го прогнозираат датумот кога тој ќе се врати во тимот.
Американските медиуми тврдат дека за него оваа сезона е завршена.
Грифин сезонава има одиграно само 18 натпревар, на кои забележал просечни 15,5 поени и 4,7 скока.
Пистонс нема да го форсираат неговото враќање бидејќи имаат мали шанси сезонава да се пласираат во плејофот.