Демаркус Казинс, центарот на Голден стејт Вориорс, го повредил квадрицепсот на левата нога, што множе да значи дека за него оваа сезона е завршена, објави „ЕСПН“.
Казинс, кој поради повредата на ахиловата тетива, пропушти голем дел од сезоната, во вториот меч против ЛА Клиперс одиграл нецели четири минути.
Новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски, пишува дека во клубот се надеваат дека станува збор само за истегнување на мускулот. Степенот на повредата ќе биде познат откако ќе му биде извршен преглед со магнетна резонанца.
Доколку прегледот покаже дека Казинс го скинал мускулот тогаш тоа ќе значи дека сезоната за него е готова.
Boogie heads to the locker room after an apparent leg injury.
Hope the big fella is okay. pic.twitter.com/tW2Yd4vdaR
— Bleacher Report (@BleacherReport) April 16, 2019