Top Sport

Заврши СП за капитенот на Летонија

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Летонија, Даирис Бертанс се повлече од Светското првенство поради повреда на бутниот мускул, соопшти националниот сојуз.

Бертанс се повреди во неделата за време на втората четвртина од натпреварот против Франција, кој Летонија го доби со 88:86.

Тој беше најдобар стрелец на тимот со 20 поени во првиот натпревар на турнирот на 27 август и победата од 109:70 против Либан.

Летонија првпат игра на Светско првенство, а со две победи во групата Х се пласираше во втората фаза од натпреварувањето.

Натпреварот меѓу Летонија и Канада ќе го реши победникот во оваа група.

Scroll to Top