Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и градот Гевгелија, во петокот го потпишаа договорот со кој Блокотехна и Кожув ќе бидат ко-домаќни на завршниот турнир во Купот на Македонија. Завршниот турнир ќе се игра на 15., 16. и 17. февруари.
Спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски, заедно со Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашко Поцков како и претставниците на клубовите, Ѓорѓи Гетов (Кожув) и Драган Ристов (Блокотехна) одржаа куса средба во Гевгелија договарајќи ги последните детали околу организација за натпреварите од Купот во машка и во женска конкуренција.
Системот за натпреварување во двете конкуренции (машка и женска, сениорска) ќе биде идентичен како и минатиот Куп односно во четврфинале, мажи првите осум пласирани екипи во ПЛМ по првиот дел од натпреварувањето (11. коло) ќе разигруваат меѓу себе по систем првопласирана екипа против последно пласирана екипа (1-8, 2-7, 3-6, 4-5) во рамки на четвртфиналните дуели. Во полуфиналните дуели ќе вкрстат двојките 1-4 и 2-3. Во женска конкуренција првите четири пласирани екипи по десеттото коло од натпреварувањето во ПЛЖ.
Во текот на наредните десет дена организаторите ќе објават одлука за присуство на навивачки групи како и за цената на билетите.
извор/mkf.mk