Top Sport

Завршниот турнир во Евролигата ќе се одржи во Келн

Евролигата потврди дека Фајнал Фоур турнирот оваа сезона ќе се одигра во Келн. Оој германски град требаше да биде домаќин на завршниот турнир претходната сезона која не заврши поради пандемијата на коронавирусот.

„Келн ќе биде во епицентрот на европската кошарка од 28 до 30 мај 2021 година. Ланксес арена, која 21 година била домаќин на најголемите спортски настани ќе биде местото на кое ќе биде крунисан новиот шампион на Европа“, порачал првиот човек на Евролигата Џорди Бартомеу.

Новата сезона во Евролигата ќе започне на 1 октомври.

Scroll to Top