Top Sport

Коутс: Со или без Ковид-19 ОИ во Токио ќе се одржат

Олимписките игри во Токио кои се одложени за наредното лето поради коронавирусот ќе се одржат наредната година и ќе бидат „Игрите кои го победиле Ковид-19“, изјавил потпретседателот на Интернационалниот олимписки комитет(ИОК), Џон Коутс.

Австралиецот кој инаку е претседател на координативното тело на ИОК за Олимписките игри во Токио, рекол дека Игрите ќе се одржат „со или без коронавирусот“ и дека тие ќе започнат на 23 јули 2021 година.

„Тоа ќе бидат Игрите кои го победиле Ковид-19. Игрите ќе бидат светлото на крајот од тунелот“, изјавил Коутс.

Поради Ковид-19 ОИ во Токио беа одложени во март оваа година. ИОК донесе одлука одржувањето да биде поместено за една година. Јапонските власти ја прифатија одлуката со напомена дека доколку има уште едно одложување тогаш тие нема да се одржат.

Според анкетите Јапонците сакаат тие повторно да бидат одложени или воопшто да не се одржат.

Scroll to Top