Top Sport

Зенит го потпишаа Мексиканецот Ајон

Кошаркарскиот клуб Зенит од Санкт Петербург донесе уште ед о засилување за дебитантскиот настап во Евролигата. Едо годишен договор со клубот потпиша Мексиканецот Густаво Ајон.

34 годишниот центар по пет сезони го напушти Реал Мадрид, откако му истече договорот со „кралскиот клуб“. Минатата сезона во Евролигата, Ајон, имал просек од 8,3 поени, пест скока и три асистенции по натпревар.

Со Реал тој два пати ја освои Евролигата, а има и четири титули во првенството на Шпанија. Во кариерата настапувал и во НБА-лигата за Атланта, Милвоки, Орладно и Њо Орлеанс.

Зинит во новата сезона ќе влезе со комплетно нов тим, Ајон е десеттиот играч со кого е потпишан договор. Претходно играчи на Зенит станаа: Албиси, Зубков, Ренфро, Ајверсон, Понитка, Абромаитис, Холинс, Хвотсов и Понкрашов.

Scroll to Top