Top Sport

Џеко и 30 милиони евра за Икарди

Наполи и Јувентус добиле конкуренција во трката за потписот на Мауро Икарди. Интерес за напаѓачот на Интер покажале од Рома. Челниците на Интер испратиле конкретна понуда до Интер за услугите на Аргентинецот.

Бидејќи Един Џеко од почетокот на преодниот рок се поврзува со трансфер во Интер, а Мауро Икарди е отпишан од новиот тренер Антонио Конте, во Рома дошле на интересна идеа.

Тие на Интер, покрај Џеко им понудиле и 30 милиони евра, за трансферот на Икарди.

Интер тешко дека ќе ја прифатат понудата, ако се знае дека одбиле 60 милиони евра од Јувентус, а не сакале ниту да ја разгледаат понудата на Наполи од 50 милиони евра.

Scroll to Top