Top Sport

Зенит и Жалгирис со неверојатни пресврт победи на стартот на Евролигата

Кошаркарите на Зенит Петерсбург славеа фантастична 73:69 победа на гостувањето кај Анадолу Ефес на стартот на Евролигата, а најдраматично беше во Пиреја, каде што Олимпијакос „колабираше“ во последната четвртина за Жалгирис да стигне до драматична 68:67 победа.

Ефес и Зенит не успеаја да направат некоја значителна разлика во првите три четвртини од мечот, пред Зенит предводен од Кевин Пангос да слави во Истанбул. Канаѓанецот Пангос го заврши мечот со 23 поени и 7 асистенции, а Риверс додаде 14 поени. Кај Ефес, Мициќ имаше 17 поени, а првата ѕвезда Шејн Ларкин не настапи поради повреда.

Олимпијакос пак, имаше 11 поени предност на стартот на последната четвртина, но во неа успеа да погоди само осум поени за Жалгирис да ја „украде“ победата. Јокубаитис беше клучниот човек во финишот, кога постигна две слободни фрлања. Григонис со 15 и Ловерњ со 13 беа најдобри за Жалгирис, додека Хасна Мартин со само 12 поени беше најдобар за Олимпијакос.

ЕВРОЛИГА, 1.КОЛО

Анадолу Ефес – Зенит Петерсбург 69:73 (10:15, 16:11, 28:23, 15:24)

Олимпијакос – Жалгирис Каунас 67:68 (18:23, 19:11, 21:13, 9:21)

Макаби Тел Авив – Алба Берлин 80:73 (19:29, 30:12, 18:17, 13:15)

Барселона – ЦСКА Москва 76:66 (24:14, 17:19, 14:15, 21:18)

Валенсија – Асвел Лион 65:63 (18:17, 19:16, 13:14, 15:16)

Scroll to Top