Top Sport

Згасна кошаркарскиот клуб АВ Охрид

На недела дена пред почетокот на Првата македонска кошаркарска лига, АВ Охрид го откажа своето учество и нема да биде дел од новата сезона.

Повлекувањето кое помеѓу охридската и македонската кошаркарска јавност предизвика шок и неверување, „галебите“ го потврдиле и во Кошаркарска федерација на Северна Македонија со официјално соопштение.

Охриѓани имаа големи планови во новата сезона, се засилија со неколку искусни и квалитетни домашни кошаркарки, донесоа и Американци, а тренерската функција му ја доверија на Марјан Илиевски.

Сепак уште не почнат да се реализира проектот на АВ Охрид згасна.

Охрид е вториот клуб што згасна пред почетокот на сезоната. Истот се случи со Болоктехна што значи дека Првата лига сега брои десет клубови.

фото/ohridnews.com

Scroll to Top