Кошаркарите на белградска Црвена Звезда доживеја пораз на свој терен од литвански Жалгирис со 76-70 во рамки на 19 коло од Евролига. Со тоа беше прекината серијата од 4 врзани победи на „црвено-белите“ во најсилното кошаркарско натпреварување во Европа.
Звезда играше одлично во текот на поголемиот дел од мечот, резултатот беше изедначен се до почетокот на последната четвртина кога гостите направија серија која на крајот го одлучи победникот.
Кај Жалгирис најзабележителен беше Лекавичиус со 17 поени, а кај домашната екипа единствен со двоцифрен број поени беше Лоренцо Браун – 14.
Зенит во Русија и покрај катастрофалниот шут од далечина успеа да слави победа против шпанска Басконија со 72-66. Рускиот состав погоди само три тројки од 14 обиди, но затоа домашните кошаркари брилјираа во рекетот.
Басконија, пак, ја продолжува низата порази во Евролигата.
Најпрецизен кај победничката екипа беше Томас со 15 поени, а Понитка постигна 14.
Кај Басконија Стускас реализираше 15, а Шенгелија и Хенри по 13 поени.
Во последниот вечерашен меч од ова коло од Евролигата, во Атина, Панатинаикос славеше убедливо со 98-83 против минхенски Баерн.