Top Sport

ЕП2020: Победа за Данска, падна Русија во небитен меч (видео)

Во меч без резултатско значење, предмалку Данска со 31:28 ја совлада селекцијата на Русија во последниот меч од групната фаза на ЕП 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка.

Данците сите шанси за премин во следна фаза ги загубија откако попладнево Унгарија го совлада Исланд, па Скандинавците со 1 освоен бод по две кола немаа шанса ниту со победа над Русија да фатат приклучок на првенството.

Во прилог не им одеше ниту играта на Русите кои во првото полувреме имаа водство од 15:12.

Сепак, квалитетот беше на страна на актуелниот светски и олимписки шампион, па работите во второто полувреме се сменија.

Данска ја анулираше негативата дојде до победа од 31:28.

Кај Данска Микел Хансен беше најпрецизен со 7 гола, а кај руската селекција 5 гола постигна вардарецот Данил Шишкарев.

Двете селекции тука го завршуваат првенството.

Scroll to Top