Top Sport

Жалгирис со нова голема победа над Фенер, ЦСКА изддржа против Басконија

Јуре Здовц може да здивне, откако неговите Жалгирис ја комплетираа совршената недела со втора победа во Евролигата, откако Едгарас Улановас беше клучен за победа од 86:75 над Фенербахче во 11. коло.

Улановас, кој имаше лоша мината сезона во Фенер, постигна 18 поени, вклучувајќи три троки за неговиот клуб да се подобри за 2-9, ветеранот Мантас Калнеитис додаде 11 поени и 11 асистенции, додека Зоран Драгиќ имаше 13 поени.

За тимот на Саша Ѓорѓевиќ ова беше нов лош меч и трет пораз во низа за да паднат на 3-8, и покрај 17-те поени на Нандо де Коло.

ЦСКА Москва, пак, ја доби тешката физичка битка со Басконија за да стигнат до 80:74 победа  во Виторија-Гастеиз. Иако во првата четвртина доминираа и имаа водство од 23:8, а по половина час водеа со 54:41, Басконија се врати во финишот и намали на 72:65, но тоа не беше доволно да се направи пресврт.

ЕВРОЛИГА, 11.КОЛО

Уникс Казан – Алба Берлин 85:71 (13:26, 27:22, 19:12, 26:11)

Анадолу Ефес – Монако 98:77 (24:20, 34:20, 15:21, 25:16)

Зенит Санкт Петерсбург – Олимпија Милано 74:70 (19:19, 16:20, 25:21, 14:10)

Жалгирис Каунас – Фенербахче 86:75 (16:18, 22:11, 26:30, 22:16)

Олимпијакос – Макаби Тел Авив 90:73 (35:8, 16:18, 20:19, 19.28)

Басконија – ЦСКА Москва 74:80 (8:23, 18:12, 15:19, 33:26)

Асвел Лион – Барселона 60:80 (9:19, 19:12, 19:31, 13:18)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top