Поранешниот југословенски репрезентативец и играч на Партизан Жарко Паспаљ доживеал мозочен удар и се наоѓа на лекување во болницата во Сан Антонио. Веста ја објави новинарката Ејлин Воисин која тврди дека Паспаљ се чувствува добро и дека покрај болничкиот персонал покрај него се неговиот поранешен соиграч сега генерален менаџер на Сакраменто Кингс Владе Дивац и тренерот на Сан Антонио Спарс Грег Поповиќ.
Според локалните медиуми, Паспаљ, ноќта ја минал во болница, а покрај него бил Поповиќ.
Vlade Divac stopped in San Antonio before joining Kings in NY to see his ex-Serbian teammate Zarko Paspalj, who is recovering from a stroke.
— Ailene Voisin (@ailene_voisin) November 11, 2017
Zarko, who was drafted by the Spurs in ’89, spent a night in the hospital and is staying with Gregg Popovich and doing well. @Eurohoopsnet https://t.co/JsXPLWumfh
— Ailene Voisin (@ailene_voisin) November 11, 2017
Ова е само еден од неколкуте здравствени проблеми со кои се соочи Паспаљ. Поранешниот кошаркар пред една деценија доживеа два инфаркти во краток временски период.
Жарко Паспаљ во кариерата играл за Будуќност, Партизан, Сан Антонио, Олимпијакос, Панатинаикос, Паниониос, Париз, Арис и Виртус Болоња. Во 1989 година беше драфтуван од Сан Антонио Спарс од тогашниот помошник во тимот Поповиќ.
Со репрезентацијата на Југославија има два златни медали од ЕП (1989 и 1991), злато од СП во 1990 и две сребра од Олимпијадите во Сеул 1988 и Атланта 1996.