Top Sport

Жељко Обрадовиќ не му дозволи на Понитка да игра против Македонија

Полска вечерва ќе ја пречека Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година. Полска во првата рунда доживеа висок пораз во Литванија, додека Македонија, во Скопје загуби од Естонија. Полјаците се коорганизатори на ЕП што значи дека веќе имаат обезбедено пласман на првенството.

Македонија ќе се обиде да ја изненади Полска, која вечерва ќе биде без најдобриот играч Матеуж Понитка.

Кошаркарот на Партизан се врати во Белград. Нетговиот тим в четврток игра со Ефес во Евролигата.

„Клубот не му дозволи да остане со нас. Не можевме ништо да направиме, Понитка мораше да се врати во Партизан бидејќи тренерот Жељко Обрадовиќ не му дозволи да остане со нас”, изјави селекторот на Полска, Игор Миличиќ.

Понитка против Литванија постигна 13 поени.

Scroll to Top