Top Sport

Зион Вилијамсон во договорот има клаузула поради која не смее да се здебели!

Новиот максимален договор на Зион Вилијамсон со Њу Орлеанс пеликанс доаѓа со неверојатна клаузула со која газдите се надеваат дека ќе спречат тој да се здебели. Вилијамсон потпиша петгодишен договор вреден 193 милиони долари на својот 22. роденден овој месец, а сумата може да скокне на 231 милиони долари со дополнителните бонуси.

Според американските медиуми, Вилијамсон ќе мора да ја заддржи својата тежина (во фунти) и процент на масти во телото под 295. Тимот го има пријавено кошаркарот на 284 фунти (128.8 килограми), што значи дека тој ќе треба да има процент на масти во телото под 11 за да ги исполнува условите од договорот. Но, „ЕСПН“ во декември објави дека Виијамсон има дури 330 фунти (149.9 килограми) кога ја почна рехабилитацијата по операцијата на стапалото во 2011, поради кој ја пропушти сезоната 2021/22.

Одржувањето на тежината се покажа како најголем проблем во кратката кариера на Вилијамсон, кој има одиграно само 85 НБА мечеви поради низата повреди.

Scroll to Top