Top Sport

Звезда чекор поблиску до плејофот во Евролигата

Црвена звезда останува на добар пат да влезе во плејофот од Евролигата првпат од 2016 година, откако со 84:77 ги совлада Макаби Тел Авив за четврти триумф едноподруго и втора победа над израелскиот клуб оваа сезона.

Никола Калиниќ имаше 15 поени, 5 скока и 5 асистенции, додека Нејт Волтерс додаде 12 поени за Звезда да води во поголемито дел од мечот освен во третата четвртина, кога Макаби направија 2:12 серија.  По ова, „црвено-белите“ имаа 13 поени без одговор за да ја потврдат победата. Џејмс Нанали имаше 24 поени, но тоа не беше доволно за победа.

Во серија се и Алба Берлин, кои стигнаа до трета победа едноподруго, со убедливи 90:75 над Олимпијакос. Маодо Ло имаше 27 поени откако беше речиси совршен од поле, а додаде и 6 асистенции и 5 скока. Алба постигна фантастични 13 тројки за да бидат доминантни во последната четвртина и да го подобрат скорот на 9-12. Олимпијакос имаат 15-8 и сега се на четвртото место на табелата.

ЕВРОЛИГА, 29.КОЛО

Црвена звезда – Макаби Тел Авив 84:77 (24:10, 18:29, 23:21, 19:17)

Алба Берлин – Олимпијакос 90:75 (16:17, 21:13, 20:21, 33:24)

Асвел Лион – Басконија 69:72 (14:18, 16:15, 17:18, 22:21)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top