Top Sport

Звезда, едноставно, не можеше против Ефес (видео)

Лидерот на Евролигата, Анадолу Ефес очекувано славеше со 85:78 на гостувањето во Белград кај Црвена звезда, нанесувајќи им го четвртиот пораз едноподруго на „црвено-белите“ во елитното европско кошаркарско натпреварување.

Натпреварот започна со минута молк за Коби Брајант и со првите 32 секунди (24+8) во одбележување на трагично загинатата НБА легенда. Ефес имаше фуриозен старт, правејќи 11:0 на почетокот, за на полувреме да имаат огромни 21 разлика (51:30). Звезда, сепак, во второто полувреме играше многу подобро и успеа да се доближи до турскиот фаворит.

Шејн Ларкин имаше 24 поени за Ефес, Синглтон додаде 13, а Бубоа 11, додека за Зведа најдобри беа Давидовац со 15 и Берон со 14.

Српскиот клуб со низата порази е сѐ подалеку од место кое води во плеј-офот со скор од 9-13.

ЕВРОЛИГА, 22.КОЛО

Црвена звезда – Анадолу Ефес 78:85 (16:24, 14:27, 28:21, 20:13)

Scroll to Top