Top Sport

Звезда го декласираше Будуќност во првиот меч од АБА-финалето (видео)

Црвена звезда оствари убедлива 91:72 (18:20, 27:22, 20:10, 26:20) победа над Будуќност во салата „Пионир“ во Белград за да поведе со 1:0 во финалето на регионалната АБА-лига. И вториот меч од финалето се игра во српската престолнина.

Клучно беше второто полувреме по „тесното“ прво, за на крајот „црвено-белите“ да стигнат до убедлива победа над актуелниот шампион. Ова е четврти пат Зведа да го победи Будуќност во исто толку меча оваа сезона. Предноста на Звезда стигна и до 27 поени, но на крајот разликата беше намалена.

Били Берон имаше 19 поени и 5 асистенции за Звезда, а Добриќ додаде 12, додека за Будуќност Норис Кол уфрли 18 поени.

Scroll to Top