Top Sport

Звезда го „здроби“ Химки во Белград – почна со тепачка, заврши со голема победа (видео)

Пет кошаркари имаа двоцифрени поени за Црвена звезда да го „уништи“ Химки со 90:78 за втора победа во Евролигата оваа сезона, иако резултатот не ја отсликува леснотијата со која српскиот клуб стигна до победата.

Бориша Симаниќ имаше личен рекорд од 18 поени, Били Берон додаде 17, додека Стратос Пепероглу имаше 15 поени и 5 скока за тимот на Звезда кој доминираше во третата четвртина (30:15), за на почетокот на последната четвртина да има неверојатно 83:56 водство.

Алексеј Швед имаше 14 поени за Химки, но и 0-од-6 за тројки, 5 скока и 4 асистенции, додека Ентони Џил имаше 11 поени и 11 скока.

Во натпреварот имаше и еден незгоден момент, кога мечот беше на раб на инцидент, а Јанис Тима и Бранко Лазиќ добија исклучувања.

ЕВРОЛИГА, 6.КОЛО

Црвена звезда – Химки 90:78 (28:20, 22:19, 30:15, 10:22)

Панатинаикос – Анадолу Ефес 86:70 (24:19, 18:19, 21:16, 23:16)

Scroll to Top