Продолжуваат промените во КК Фенербахче откако кормилот на истанбулскиот тим го напушти Жељко Обрадовиќ, а на неговото место е поставен Игор Кокошков.
Судејќи по се, српскиот репрезентативец Никола Калиниќ нема да остане во Фенер идната сезона.
Тој е еден од играчите со најдолг, петгодишен стаж во клубот.
Информациите од Шпанија, што ги пренесоа медиумите во Србија се дека шпански репортер на Твитер напишал дека Калиниќ дефинитивно го напушта Фенербахче и се сели во Макаби Тел Авив, во Израел.
Иако српските навивачи очекуваа негово враќање во Црвена Звезда, сепак се чини дека засега нема ништо од тоа.
Breaking: Serbian SF Nikola Kalinić reached an agreement with Maccabi Tel Aviv, the Serbian forward will leave Fenerbahçe after five years, I'm told.
— Tomi Eduardo (@Tomi_Eduardo93) July 15, 2020