Top Sport

Звезда раскина со Обрадовиќ, се враќа Радоњиќ

Црвена звезда му се заблагодари на соработката на тренерот Саша Обрадовиќ, потврдувајќи дека легендарниот поранешен кошаркар на тимот си заминува по само шест месеци во клубот, оставајќи простор за враќање на црногорскиот стручњак Дејан Радоњиќ на клупата на српскиот шампион.

„Црвена звезда му се заблагодарува на Саша Обрадовиќ на работата, трудот и професионализмот кој го покажа на нашата клупа и му посакува успех во професионалната кариера. Со Саша Обрадовиќ се разделуваме со најдобри односи како што доликува на една легенда на клубот која остави огромен траг во историјата на клубот“, потврдија од Звезда.

До раскинот на соработката доаѓа по поразот од Зенит Санкт Петерсбург во Евролигата, еден од петте најтешки во историјата на Звезда. Радоњиќ беше тренер на Звезда од 2013 до 2017, период во кој освои три српски титули и три трофеи од АБА лигата, а играше и во четврт-финалето на Евролигата.

Scroll to Top