Top Sport

Звезда се засили со Кевин Пантер

Кошаркарскиот тим на Црвена звезда се засили за вториот дел од Евролигата со американскиот бек Кевин Пантер, кој доаѓа од Црвена звезда.

26-годишниот Пантер (193 сантиметри), по колеџ-кариерата на Универзитетот Тенеси, игра во Европа: Лаврио, Антверпен, АЕК, Виртус и Олимпијакос. Со АЕК и Виртус тој освои две титули од ФИБА Лигата на шампиони, а пред почетокот на сезоната потпиша двегодишен договор со Олимпијакос.

Во Пиреја тој не добиваше многу шанси откако тренерот Дејвид Блат беше сменет со Кецутис Кемзура, а во Звезда доаѓа со договор до крајот на сезоната.

Scroll to Top