Top Sport

Звезда славеше во Милано, ЦСКА по продолжението преку Жалгирис (видео)

Црвена звезда го направи најголемото изненадување во 12. коло од Евролигата, славејќи на гости кај Армани Милано со 77:67, сврзувајќи трета победа едноподруго во најсилното европско кошаркарско натпреварување.

Од почетокот Звезда не дозволи Милано да направи голема предност, пред во второто полувреме да игра многу подобро и да стигне до победа. Лоренцо Браун ги предводеше Звезда со 21 поени и 7 асистенции, додека Барон додаде 17 поени. Чако Родригез беше најефикасен за Армани со 14 поени.

Најинтересно вечерва беше во Москва, каде што актуелниот шампион ЦСКА дури по продолжението со драматична тројка на Мајк Џејмс стигнаа до 85:82 победа над Жалгирис Каунас. Литванскиот клуб имаше пет порази едноподруго пред тешкото гостување во Русија, но започнаа со одлични 17:9 по првата четвртина.

ЦСКА, сепак, се созеде и во третата четвртина имаше предност од +8, пред гостите да израмнат во последните четири секунди на 82:82, пред во продолжението свое шоу да има Џејмс. Тој го заврши мечот со 19 поени, а Стрелникс имаше 20.

ЕВРОЛИГА, 12.КОЛО

ЦСКА Москва – Жалгирис Каунас 85:82 (9:17, 23:14, 19:19, 18:19, 16:13)

Макаби Тел Авив – Баерн Минхен 77:55 (22:18, 19:8, 12:21, 24:8)

Армани Милано – Црвена звезда 67:77 (18:20, 22:19, 10:18, 17:20)

Реал Мадрид – Валенсија 111:99 (30:29, 23:20, 27:21, 31:29)

Scroll to Top