Top Sport

Звезда со луд пресврт до победа над Олимпијакос, ЦСКА го освои Истанбул (видео)

Лоренцо Браун се врати во составот на Црвена звезда и со 34 поени го „изгоре“ Олимпијакос за 88:81 победа, по која се израмнети со грчкиот тим, Валенсија и Басконија со 6-9 скор, на само две победи од осмата позиција која води во плејофот.

Мечот беше одлучен во третата четвртина, во која домаќините направија 23:11 предност, по што Олимпијакос не можеше да се врати, иако водеше со 15 поени во првото полувреме. Покрај Браун, Били Берон додаде 17 поени за Звезда, додека за Олимпијакос, Брендон Пол имаше 21 поен, а Никола Милутинов 15 поени и 11 скока.

Шампионите од Евролигата, ЦСКА Москва пак, стигнаа до 81:80 победа над Анадолу Ефес во реприза од минатогодишното финале за да ја прекинат серијата на победи на турскиот клуб.

Мајк Џејмс беше човекот за одлука за ЦСКА со 28 поени, 6 скока и 4 асистенции, додека кај домаќините Шејн Ларкин имаше 18, а Крунослав Симон 21 поен. Во текот на целиот меч резултатот беше тесен, пред гостите да поведат со 76:74 на три минути до крајот. Ефес го врати водството, но поените на Џејмс на 17 секунди пред крајот донесоа победа за „Армејците“.

Ефес останува лидер на Евролигата со 12-3 заедно со Реал Мадрид, додека ЦСКА сега имаат 10-5 скор.

ЕВРОЛИГА, 15.КОЛО

Химки – Жалгирис Каунас 83:74 (21:16, 17:17, 19:16, 26:25)

Анадолу Ефес – ЦСКА Москва 80:81 (22:23, 25:20, 19:16, 14:22)

Црвена звезда – Олимпијакос 88:81 (16:21, 20:27, 25:13, 27:20)

Scroll to Top