Top Sport

Звезда убедлива во првиот меч со Партизан (видео)

Црвена звезда убедливо со 87:62 го совлада Партизан во првиот меч од полуфиналната серија на кошаркарската српска Суперлига.

Звезда од почеток до крај водеше во мечот, така што работата под новиот тренер Миленко Топиќ донесе до убедлива победа над вечниот ривал.

Тејлор Рочести беше најефикасен кај „црвено-црните“ со 22 поени, Амер Омиќ додаде 15, додека македонскиот ветеран Перо Антиќ имаше 5 поени. Кај Партизан Вон имаше 16, а Гос 12 поени.

Вториот меч од серијата е веќе во среда, а во второто полуфинале во србија играат Мега и Борац Чачак.


Scroll to Top