Top Sport

Ливерпул го грабнаа Фабињо „пред носот“ на Јунајтед

Ливерпул потпишаа договор со ѕвездата на Монако, Фабињо пред рацете на Манчестер јунајтед, кои подолго време преговараа со играчот од средниот ред.

Во понеделникот по вестите дека Фабињо одлучил да отиде на „Енфилд“, од Ливерпул официјално го потврдија трансферот. Се верува дека се работи за сума од 55 милиони евра.

„Бразилскиот играч од средниот ред формално ќе стане играч на ’Црвените’ на 1 јули, по успешниот медицински тест“, објавија од клубот.

24-годишниот Фабињо помина две сезони на заем во Монако од португалскиот клуб Рио Аве, пред во мај 2015 да се префрли во клубот од кнежевството. Тој има над 200 настапи во сите натпреварувања и имаше клучна улога во освојувањето на титулата во Лига 1 во 2016/17, заедно со Килијан Мбапе.

На навивачите на Ливерпул уште подобро ќе им дојде тоа што минатото лето Бразилецот одби трансфер во Јунајтед.

„Секогаш сакав да играм во фудбалски гигант. Инфраструктурата на клубот е исклучителна и не размислував многу пред трансферот. Ќе се обидам да напишам своја историја со клубот и да освојуваме титули“, вели Фабињо.

Scroll to Top