Кошаркарите на Црвена звезда загубија со 86:82 на гостувањето кај Барселона во 21. коло од Евролигата во меч во кој беа рамноправни 40 минути, но не успеаја да направат сензација во Каталонија и победата отиде кај тимот на Светислав Пешиќ.

Звезда имаше одличен старт на мечот и изненадувачко 9:2 водство, но Барселона полека фати ритам и ја доби првата четвртина со 29:19. Во втората четвртина Звезда направи пресврт и со одлична одбрана на полувреме имаше предност од 42:41, која ја зголеми на +4 пред последната четвртина, кога се покажа силата на домашниот тим.

Никола Миротиќ беше најефикасен за Барса со 25 поени, Брендон Дејвис додаде 10, додека за Звезда, Лоренцо Браун имаше 15 поени, 8 асистенции и 4 украдени топки, а Кевин Пантер додаде 13.

ЕВРОЛИГА, 21. КОЛО

ЦСКА Москва – Валенсија 81:70 (20:17, 22:22, 18:17, 21:14)

Зенит Петерсбург – Олимпијакос 91:87 (24:27, 21:16, 21:15, 25:29)

Баерн Минхен – Макаби Тел Авив 80:68 (23:12, 12:21, 22:20, 23:15)

Барселона – Црвена звезда 86:82 (29:19, 12:23, 21:24, 24:16)

Басконија – Химки 83:79 (27:25, 20:19, 14:19, 21:16)