Од петок до недела, во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра завршниот турнир во ракометната СЕХА лига. Домаќинот на турнирот, актуелниот европски првак Вардар, ја брани титулата, која ќе се обидат да ја освојат Брест Мешков, ППД Загреб и Целје.
Завршниот турнир ќе го има своето седмо издание, а Скопје по 2013 година повторно биде домаќин.
Домаќоинот Вардар и хрватскиот шампион ППД Загреб се единствените две екипи што учествувале на сите досегашни завршни турнири, белоруски Мешков Брест не беше учесник на првиот турнир во 2012 година, додека Целје е дебитант.
Вардар е најтрофеен во историјата на СЕХА со три титули, две има Веспрем, а една има Загреб.
Полу-финалната програма, во петок, ќе ја отворат Вардар и Мешков Брест од 17:45 часот, а ППД Загрееб и Целје својот меч ќе го одиграат од 20:15 часот.
Во истите термини, в недела, ќе се одиграат натпреварот за третото место и финалето.