Top Sport

АБА 2: „Сонцата“ од Домжале ги спржија „штрковите“ од Аеродром, 78-76

Македонскиот претставник во АБА 2 лигата, МЗТ Скопје денеска беше поразен во Домжале, Словенија, кај екипата на Хелиос Санс со резултат 78-76.

Домаќините до победата стигнаа пред се поради одличниот процент на уфрлени удари за 3 поени, 50% успешност, 13 тројки од 26 обиди.

Скопскиот клуб одигра егал полуврема, на пауза се замина со резултат 43-43, откако израмнет беше резултатот и по крајот на првата четвртина (19-19).

Домаќините одиграа фуриозна трета четвртина, ја добија со резултат 22-11. Сепак кошаркарите на македонскиот претставник во регионалното натпреварување не се предадоа.

Во последниот период успеаја да парираат на шутерската вечер на „сонцата“, па МЗТ Скопје за првпат во второто полувреме успеа да дојде до водство при резултат 74-73.

МЗТ тогаш пропушти неколку напади за да го дотолчи пртивникот, што домаќините знаеја да го казнат и да извојуваат победа од 78-76.

Најпрецизен во победничката екипа беше Коњевиќ со 24 поени.

Кај МЗТ Скопје Хиндс постигна 29 поени (промаши во последниот напад), а Дамјан Стојановски го следеше со 15 поени.
МЗТ по 7 одиграни кола има скор од 5 победи и 2 порази.

Scroll to Top