Top Sport

Ајакс 99.9% е шампион на Холандија, ПСВ киксна кај АЗ Алкмар

Холандски Ајакс денеска славеше победа со 4-1 на домашен терен против Утрехт и со безмалку 100% ја обезбеди новата титула во домашниот шампионат.

Иако Утрехт поведе на мечот уште во првата минута, сепак тоа не ги обезхрабри „коњаниците“ на Тен Хаг, па со головите на Хунтелар во 15 минута, и на Ван де Бек во последните моменти од првиот дел предноста се сврте кон домашните.
Во вториот дел Тадиќ со два погодока стави точка на мечот, во 75 и 80 минута.

Во прилог на Ајакс му оди и неочекуваниот пораз на ПСВ кај АЗ Алкмар со 1-0 по што трката за шампионската титула речиси е завршена.

Ајакс има 3 бода повеќе во пресрет на последното коло. Во холандската прва лига во ситуација на ист број бодови, одлучува гол разликата, а таа е во прилог на Ајакс, имаат +14 во однос на ПСВ.

Scroll to Top