Екипата на холандски Ајакс несомнено ги собра симпатиите на неутралните љубители на фудбалот откако најпрво го елиминираше големиот Реал Мадрид од Лигата на шампионите, а потоа во следната фаза го „зема скалпот“ и на моќниот Јувентус. Младиот тим сега ќе игра полуфинале во елитното европско натпреварување против Тотенхем.
Сепак фудбалерите на Ајакс не можат да одморат кога станува збор за домашниот шампионат. Таму се во мртва трка со екипата на ПСВ.
Денеска Ајакс играше гостински меч против тимот на Гронингем. „Копјаниците“ од Амстердам со голот на Клас Јан Хунтелар во 78 минута славеа важна победа и барем до утре ќе останат единствени на чело на табелата.
ПСВ има три бода помалку од Ајакс, но утре ќе го одиграат натпреварот од ова коло, на домашен терен против Ден Хаг.