Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович се соочува со уште еден отказ затоа што играчот на Хјустон Рокетс, Пи Џеј Такер поради повреда на скочниот зглоб мораше да ги прекине подготовките за Мундијалот што на крајот на месецов започнува во Кина.
Пи Џеј Такер ден претходно им се налути на новинарите во САД.
„Никој не даде потполна слика на она што се случува. Само го пуштија резултатот и напишаа дека сме изгубиле. Игравме само две четвртини откако трениравме два часа“ – рече нервозниот кошаркар за поразот на селекцијата од резервистите на САД
Непосредно по неговата изјава, следуваше повредата на скочниот зглоб, па мораше да ги остави соиграчите од националниот тим и да оди на рехабилитација за новата сезона во НБА.
Големиот број откази на кошаркари во американската репрезентација остави трага, но сепак САД се уште е прв фаворит за златото во Кина.