Иако неодамна изјави дека Златан Ибрахимовиќ нема да биде меѓу патниците на Светското првенство во Русија, шведскиот селектор Јане Андерсон во интервју за германски „Кикер“ не ја исклучува можноста тој да игра на Мундијалот.
„Златан може да оди на СП. Но, доколку навистина го сменил мислењето, мора да ми се јави и да ми каже дека сака да биде дел од репрезентацијата. Доколку го направи тоа, тогаш ќе седнеме и ќе разговараме што би значело неговото враќање, како сега игра репрезентацијата и за други работи. Засега околу неговото враќање само се шпекулира“, рекол Андерсон и дополнил.
„Не знам дали би се вклопил во тимот. Меѓутоа не размислувам на таа тема. Опциите ги разгледувам кога ќе дојдат и доколку дојдат. Доколку сака да биде дел од репрезентацијата треба да ми се јави. Тоа е наједноставниот начин“.
Шведска пласман на Светското првенство избори без Златан Ибрахимовиќ и тоа со победата над Италија во дополнителните квалификации.
На СП во Русија, Шведска ќе игра против Германија, мексико и Јужна Кореја.