Top Sport

Андре Виљаш Боаш е новиот тренер на Олимпик Марсеј (фото)

Поранешниот тренер на Порто, Челси, Тотенхем и Зенит, Португалецот Андре Виљаш Боаш (41) од денеска е нов кормилар на фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј. Стратегот на клупата на Марсеј ќе го наследи Французинот Руди Гарсија кој доби отказ откако клубот сезоната ја заврши на разочарувачкото петто место.

Боаш без ангажман беше две години, по прекинот на соработката со кинески Шангај во 2017 година.

Најдобрите резултати во кариерата португалскиот стручњак ги постигна со Порто кога во сезоната 2010/2011 освои триплета со клубот (Примеира, Куп и Лига Европа).

Андре Виљаш Боаш потпиша двегодишен договор со Олимпик Марсеј.

Scroll to Top