Top Sport

Арсенал не успеа во Милано, сега се врти кон Кина, по Караско

Белгискиот фудбалски репрезентативец, Јаник Караско кој во моментов настапува во кинески Далиан Јуфанг стана интересен за лондонски Арсенал.

Откако „Топчиите“ не успеаја во намерата да го доведат на „Емирати“ Хрватот Иван Перишиќ, сега започнаа преговори да го засилат навалниот ред со Белгиецот.

Арсенал во преодниот рок кој во Кина важи до 28 февруари сака да го доведе Караско како позајмица, со евентуално право на откуп на договорот.

Белгискиот фудбалер од минатата година е во Кина, каде заработува 10 милиони евра по сезона. Сепак неговата желба е да се врати на Стариот континент.

Scroll to Top