Аталанта од Бергамо не се шегува, го победи Удинезе и „се намести на пол позиција“ за место во Лигата на шампионите.
Тимот кој пред почетокот на сезоната никој не го вбројуваше меѓу кандидатите за излез во Европа, на само две кола пред крајот на сезоната во Серија А има 59 бода и се наоѓа на добитната четврта позиција.
Иако денеска фудбалерите на Аталанта 80 минути се мачеа со Удинезе кој се бори за опстанок во лигата, сепак трудот се исплатеше.
Де Роон погоди за 1-0 од пенал во 81. минута, а Пашалиќ во 85 минута ги постигна конечните 2-0.
Сега неизвесноста во последните две кола уште повеќе се зголемува. Рома е зад Аталанта, со 58 бода, па следуваат Торино и Милан со 56, а осми е тимот на Лацио со 55.