Top Sport

Атлетико го „врзува“ Облак на уште една година, клаузулата сега му е 150 милиони евра

Голманот на Атлетико Мадрид, Словенецот Јан Облак следната недела треба да потпише нов договор со тимот, пишува „АС“.

Според информациите, актуелниот договор на голманот е до 2021 година, но Словенецот е подготвен да стави потпис за уште една дополнителна година.

Шпекулациите се дека 26-годишниот чувар на мрежата е интересен за француски ПСЖ, но со потпишувањето на новиот договор неговата годишна заработка ќе се зголеми за 10 милиони евра.

Според новиот договор, Атлетико се штити да остане без првиот избор на голот, па откупната клаузула од 100 ќе порасне на 150 милиони евра.

Облак во Атлетико е од 2014 година, а дојде од Бенфика за 15 милиони евра.

Scroll to Top