Како и во останатите спортови, прекината е и тениската сезона, причината е пандемијата на коронавирусот.
АТП на друштвените мрежи овие денови својата публика ја забавува со фотографии. Последната е за тоа како би изгледале тенисерите после неколку десетици години, алудирајќи на тоа дека долго трае паузата во тенисот.
Ги прашаа и навивачите кој им изгледа најдобро, а притоа италијанскиот тенисер Фабио Фоњини се пошегува на сметка на хрватскиот колега, Иво Карловиќ.
„Па Иво изгледа исто како и се, ха ха“ – вели Фоњини.