Белгискиот фудбалер, Еден Азар се повредил на тренинг на Реал Мадрид и нема да настапи на првиот меч на својот тим во новата сезона во Примера, утре против тимот на Селта Виго. Ова денеска го објави Реал на службената страна на клубот. Се работи за повреда (истегнување) на мускул на ногата.
Белгиецот, кој сезонава се очекува да биде носител на играта на Кралевите, ќе почека на своето деби во првата шпанска лига
Дел од шпанските медиуми пишуваат дека можно е Азар да не биде во комбинација 3-4 недели, а доколку рехабилитацијата заврши побрзо, тој нема да настапи за Реал пред репрезентативната пауза која е на почетокот на идниот месец.
Пред да се отиде на репрезентативна пауза, Реал Мадрид ќе треба да ги одигра мечевити против Селта Виго, Реал Валјадолид и Вилјареал.
Тренерот Зинедин Зидан нема голем избор, па на лево крило ќе мора да заигра Винициус Јуниор. Останатите три леви крила (Асенсио, Дијаз и Родриго) се повредени.