Шпанските влијателни медиуми „Спорт“ и „АС“ покрај „сапуницата“ со Герет Бејл и повредите на Асенсио и Јовиќ открија нов проблем за „Кралевите“.
Најголемото засилување на Реал во преодниот рок, Белгиецот Еден Азар наводно на подготовките се појавил со 7 килограми повеќе.
Претседателот на клубот, Флорентино Перез бил посебно бесен, затоа што при претстваувањето на Азар по доаѓањето на „Бернабеу“ рече дека со овој играч сите проблеми им се решени.
Сега во потполност се дистанцира, нема повеќе доверба во Белгиецот и постојано повторува дека Азар го ангажирал во Реал на барање на Зидан.
Азар во Реал стигна од Челси за 100 милиони евра, а ова не е првпат белгискиот ас на подготовки да се појави неподготвен. Минатото лето во разговор за белгиски „ХЛН“ признал ужасен влез во сезоната во 2015 година во Челси.
„Имав една лоша година, последните 6 месеци со Мурињо, а за тоа дел од вината е моја. Откако ја освоивме Премиерлигата, баравме од него подолг летен одмор. Бев тотално надвор од форма. Се сетив на таа лекција ова лето. По 4 недели по Мундијалот со Белгија, бев на тренинг со Челси“ – рекол Азар кој најверојатно ја заборавил лекцијата.