Top Sport

Баџо: И понатаму не спијам поради пеналот против Бразил (видео)

Прославениот италијански фудбалер, Роберто Баџо вели дека и по 25 години не може мирно да спие поради промашениот пенал против Бразил во финалето на Светското првенство 1994 година во САД.

„Ни ден денес не спијам како што би требало, за жал, се случи. Од такви непријатни ситуации може да се извлече поука. Го сонував финалето со Бразил, но едно е да сонуваш, а друго е вистината“ – рече Баџо.

Поранешниот напаѓач на големата италијанска тројка, Јувентус, Милан, Интер вели дека не може да одвои клуб кој му останал до срцето.

„Врзан сум за сите тимови, имав среќа да играм за споменатите клубови. Од секој многу научив, имав разни цели, од борби за опстанок, до борба за трофеи“ вели екс-фудбалерот кој потенцира дека никогаш немал желба да стане тренер.

Scroll to Top