Баерн Минхен го казни својот фудбалер, Жером Боатенг поради тоа што го прекршил правилото на карантин и без одобрение од клубот го напуштил градот.
Боатенг излегол од Минхен за да го посети болниот син, а при враќањето доживеал сообраќајна несреќа.
„Боатенг го прекрши правилото на клубот, отиде предалеку од својот дом. Веруваме дека треба да сме пример за другите и поради тоа играчот ќе заработи казна. Клубот парите ќе ги донира на болниците во Минхен“ – соопштија од Баерн Минхен.
Искусниот дефанзивец смета дека имал причина за да го стори тоа.
„Би прифатил секаква казна на овој свет, ако е оправдана. Знам дека погрешив што не го известив клубот дека ќе одам на пат. Но во тие моменти размислував само за мојот син. Кога тој ќе ме побара, секако дека ќе одам. Секој татко така би постапил“ – рече Боатенг.
Поради пандемијата со коронавирусот Бундеслигата е во прекин.