Top Sport

Баерн го прегази Фенербахче во Минхен со 6-1 (видео)

Фудбалерите на минхенски Баерн, на својата „Алијанц Арена“ вечерва со високи 6-1 ја демолираа екипата на Фенербахче во полуфиналето на пријателскиот Ауди куп. Со тоа Баварците се изборија за финален меч против тимот на Тотенхем кој претходно со 1-0 славеше над Реал Мадрид.

Фудбалерите на Баерн работата ја завршија уште по првото полувреме. До 45 минута водеа со 5-0 со головите на Санче, Горецка, Коман и двата погодока на Томас Милер.

Во вториот дел Баерн со голот на Милер, негов трет на мечот стигнаа до високи 6-0, а почесниот гол за гостите од Турција беше дело на Крус.

Двајцата тренери им дадоа шанса на повеќе фудбалери на овој пријателски меч, но далеку поуспешни беа шампионите на Германија.

Погледнете ги најинтересните моменти од мечот:
https://youtube.com/watch?v=f-jx1XRZ9z8

Scroll to Top