Top Sport

Балотели потврди дека ја напушта Ница

Марио Балотели решил по две години да ја напушти Ница. На котроверзниот напаѓач договорот со клубот му истекува по завршувањето на сезоната. Се шпекулира дека тој ќе се врати во некоја од екипите од Серија А.

Интерес за Супер Марио покажуваат Рома и Наполи, а медиумите пишуваат дека во своите редови го сакаат и неговите поранешни тимови Интер и Милан.

Иако до крајот на сезоната во Франција останаа уште пет рунди, Балотели веќе се прости од навивачите на Ница.

„Ова беа две неверојатни години, ви благодарам…Останаа уште само пет натпревари“, напишал Балотели на Инстаграм.

Scroll to Top